Времето денеска ќе биде сончево и релативно тополо со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во западните подрачја каде е можно во текот на ноќта да има слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремено умерен југоисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во четвток се очуваат пообилни врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите, а во вечерните часови кон петок од север ќе се спушта постуден воздух, кој ќе предизвика и на некои пониски места врнежите да преминат во снег, особено во северните и западните делови на земјава. Максималната температура во Охрид во Четррток ќе достигне до 8 степени.
OhridNews