Денеска, 2- ри март, со почеток во 19 часот во зградата на општина Охрид сала 1 ќе се одржи  собир на граѓани за Урбана Заедница -1 Стар Град.
Урбана заедница- 1 Стар Град го зазема средишниот дел од крајбрежјето  и се граничи со: од Исток со булевар “Македонски Просветители”, од Север со булевар “Туристичка”, од запад ул.”Пирин Планина”, “Кирил и Методи”, собирната улица “С-9” и реката “Грашница” и од Југ “Охридското Езеро”.

На Собирите на граѓани  кои за други Урбани Заедници ќе се одржуваат   наредниве денови ќе  се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.

Собирите  на граѓани ги свикува градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедници  на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид.

OhridNews