Матурантите од цела Македонија денеска го полагаат вториот изборен предмет од Државната матура. Учениците од средните стручни училишта и гимназиите избираат помеѓу странски јазик и математика, а од средните уметнички училишта помеѓу странски јазик и естетика и филозофија.


За полагање на Државна матура се пријавиле 18.626 матуранти

Според Министерството за образование за полагање на Државна матура се пријавиле вкупно  18.626 матуранти. Од нив Англиски јазик ќе полагаат 14.767 ученици, за полагање Француски јазик се пријавиле 463, за  Германски јазик 166, а за полагање на Руски јазик 63 кандидати. Предметот математика ќе го полагаат 2.956 матуранти. За полагање на предметот Филозофија се пријавиле 29 кандидати, а за полагање на предметот Естетика се пријавиле 84 матуранти.  

Матурантите во саботата полагаа мајчин јазик, односно македонски, албански или турски јазик. Резултатите од државната матура се очекува да бидат објавени на 23 јули, кога ќе помине рокот на поплаки на прелиминарните резултати од 12 јули.

OhridNews