Ј.П. „ Охридски Комуналец“ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридското Езеро во туристичката населба Лагадин.
Се расчистуваше потегот од пред хотелот „ Два Бисери“ до авто-кампот Елешец, каде брановите исфрлиле поголеми количини трска и најразновидна амбалажа. При тоа подигнати се 10 метри кубни трска и околу 20 вреќи отпад.
Претходно, акции за чистење на крајбрежниот појас се реализираа и во Пештани и Трпејца.
OhridNews