Денес прво Езерско дерби сезонава во Супер лигата.  Екипата на ГРК Охрид на гостински терен во Струга.

Капитенот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски вели дека го играат првото Езерско дерби сезонава, а натпреварите се интересни за следење поради ривалството на девете екипи.

Без сомнение ова ќе биде тешко гостување. Струга има респектабилна екипа, но се надевам дека ние ќе извојуваме победа, вели Андоновски.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Нико Нестор“ со почеток во 18 часот.

ГРК Охрид досега беа подобри во дуелите со Прилеп и Куманово, а поразени од Вардар, Бутел и Алкалоид.

OhridNews