Денес во Кафе и бар „Шила“, ќе се одржи промоција на сликовницата-боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“ на Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска.

Сликовницата-боенка е издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, и е адаптирана и за читатели со дислексија.

Промоцијата почнува во 11:00 часот.

OhridNews