Охридскиот Народен театар на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ денес ќе ја изведе премиерата на претставата „Лавиринтот“, режисерска поставка на Ѓорѓи Ризески и актерите Ивица Цонев и Mарко Богдановски.
Режисерот Ризески за „Лавиринтот“ вели дека е претстава направена со многу љубов и многу влог кон театарот генерално.
Тематски ова е „Лавиринтот“ што генерално зборува за некои вечни теми, работи кои ги толкувам јас како работи кои постоеле уште пред да се родам и останале во денешницата на некој начин. Менувајќи ги системите и свеста на луѓето, ние се развиваме и евоулираме, но секогаш имаме некои работи кои ни се останати, кои се уште треба да поминат низ уште повеќе филтри, за да се евоулираме и од нив. И токму за тоа е оваа претстава за некои заостанати од порано работи кои до ден денес пречат или ни помагаат. Од историјата треба да се учи да не ги повторуваме грешките, вели режисерот Ризески.
Според него, претставата е работена според актуелна тема, затоа истата и се поставува на сцената, а станува збор и за камерна претстава претстава што ја прави уште поавтентична актерската игра.
Актерот Ивица Цонев за претставата вели дека ја носи вечната човекова слабост наречена власт и насилие, желбата на човекот да се чувствува овластен и страшен, да има моќ да ги диктира животите на останатите.
Премиерата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.
OhridNews