Од денес до 10- ти октомври, во Центарот за култура, охридската публика ќе може да го проследи филмот „ Деца на сонцето“, љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.

Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка улога ја толкува младиот македонски актер Кире Ѓоревски.

Почеток на проекциите е во 20 часот, влез 100 денари.

OhridNews