Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јовица Арсиќ денес ќе го соопшти поширокиот список од 24 кошаркари кои ќе конкурираат за настап во националниот дрес на Европското првенство во Полска во септември.
Според планот на селекторот подготовките ќе започнат на 15 јули, десетина дена ќе се тренира во Скопје, а од 25 до 31 јули ќе се подготвуваат во Златибор и од 31 јули до 6 август во Крањска Гора, Словенија каде што ќе се одиграат две пријателски средби со Словенија и една со европскиот првак Русија.
Следуваат двете контроли со Словачка на 8 и 9 во Охрид и најверојатно со Бугарија на 13 и 14 август.
Од 20 истиот месец Македонија ќе учествува на турнир во Германија заедно со домаќинот, Полска и Хрватска, а една недела подоцна на “Ефес Пилсен” купот во Анкара каде што ќе настапат уште Хрватска, Турција, Германија, Летонија и Велика Британија.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com