Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки 2025. Оваа година, обединети под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ организаторите го најавуваат најсветлото празнично доживување, кое преку ангелското пеење на децата, ќе ги стоплат срцата на сите.

Во Охрид пробите ќе се одржуваат секоја сабота, почнувајќи од денес во 12 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“, информираат организаторите.

Во поворката во која секоја година учествуваат стотици дечиња, традиционално се одржува со дефиле низ улиците на градот, а пристигнува на плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе биде поставена Божиќната пештера која го навестува Христовото раѓање.

Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.

OhridNews