Третото издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски 2024“ почнува денес и ќе трае до 24 август. На турнирот учество ќе земат 8 екипи, домаќинот ГРК Охрид, РК Алкалоид, РК Динамо Панчево, РК Ловчен, РК Олимпијакос, РК Вардар, РК Партизан и РК Цеље.
Овие четири дена ќе бидат одиграни по три натпревари рапоредени во три термини, додека сабота е резервирана за натпреварите за пласман за 7-мо, 5-то и 3-то место, како и финалето.
Организатори на турнирот се ГРК Охрид и Општина Охрид, а истиот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“.
Карта за еден меч чини 50 денари, а блок карти за целиот турнир (вкупно 16 натпревари) 500 денари. Истите можат да се купат на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
OhridNews