На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).
По македонско време почнува во среда 21 јуни во 11 часот и 13 минути, а завршува во петок на 23 септември во 03 часот и 3 минути. Летото ќе трае 93 дена, 15 саати и 49 минути. Метеоролошкото лето започна на 1 јуни и ќе трае до 31ви август.
Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат да се скратуваат, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа се до зимскиот солстициум (краткоденица) на 21 декември. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни за секое место, одејќи од екваторот кон половите.
Времето денес сончево со температура до 27 степени
На првиот ден од летото ќе преовлчадува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ= 9
Во Охрид времето денес сончево со температура во интервал од 13 до 27 степени.
Утре и во четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, велат од УХМР.
OhridNews