Од локалната самоуправа информираат дека денес, 29- ти септември, согласно годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамките на планот за асфалтирање на пристапни улици и патишта, ќе се асфалтира дел од улицата „ Билјанини извори“ , позади  Основното музичко училиште „ Методи Патче“ .

Поради изведување на градежните работи се апелира до граѓаните кои живеат на овој дел од градот, моторните  возила да не ги паркираат на просторот зад музичкото училиште.

Поради изведувањето на градежните работи, пајак службата подигаше возила од оваа локација уште во текот на вчерашниот ден. Граѓани реагираа дека тоа се прави без било какво известување од страна на надлежните.

OhridNews

 

http://www.ohridnews.com/vesti/88598