Денес, од 17 часот на малиот плоштад кај Долна порта , ќе се одржи пијано маратон на кој освен учесниците на Piano Summer Ohrid ќе може да се претстави секој кој има желба да отсвири нешто од класичниот пијано репертоар, или од современи автори, вклучувајќи и свои лични композиции или импровизации.
Специјален гостин на маратонот ќе биде Љупчо Доневски кој премиерно ќе ја изведе неговата композиција „ Звукот на младоста“.
Маратонот е отворен за сите љубители на музиката. Влезот е слободен.
Првото издание на фестивалот кој започна на 18- ти август, е во организација на здужението „Клавирско лето“ од Битола. Ќе трае до 27-ми август.
OhridNews