Според најавите денеска ќе се случи интересен астрономски настан – затемнување на Сонцето. Затемнување на Сонцето во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување.
Затемнувањето во Скопје, според скопското Астономско друштво, ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.
Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ со телескопите на Астрономското друштво.
Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година, а следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.
OhridNews