На денешното продолжување на петтата седница на Собранието, на дневен ред се предлог измените на Законот за употреба на знамињата, измените во Законите на Јавни обвинители и Судски совет, како и измените на Законот за заштита од пушењето, сите во скратена постапка.

Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното македонско знаме кое мора да е за една третина поголемо.

На седницата ќе се гласа и околу предложените измени на Законот за заштита од пушењето. Предложените измени предвидуваат при вршење инспекциски надзор, доколку инспекторот утврди дека во јавните простории се пуши, да донесе решение за привремена забрана за вршење дејност во траење од седум дена за трговец-поединец и 15 дена за приватно лице.

Со измените е предвидено и државните инспектори во иднина да подготвуваат квартални извештаи за утврдените неправилности. Измените се прават поради непочитувањето на Законот во целост.

OhridNews