Спикерот Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори најавени за 5 јуни.

Претходно Собранието по жестоката дебата, синоќа, со 79 гласа се самораспушти.

На седницата на која уште беа изгласани измените и дополнувањата на законот за акцизи и беше извршен изборот на Владимир Стојановски за нов уставен судија,  не присуствуваа пратениците од опозицијата.

OhridNews