Денес е последниот ден, зададен од комесарот Јоханес Хан, за работните групи да се договорат за изборните правила што е предвидено со договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија.
Вчера претставниците во работната група на која се расправа за гласањето на дијаспората, начинот на прочистување на избирачкиот список и решавањето по приговорите на одлуките на Државната изборна комисија, не се сретнаа.
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја повторува старата тактика, да ги блокира преговорите со нивно постојано одложување, со барање за консултации, барање за паузи, враќање назад на прашања коишто одамна се расчистиле.
Следниот рок кој е предвиден во договорот од Пржино е 20-ти октомври за избор на двајца министри и тројца заменици по предлог на СДСМ и двајца заменици по предлог на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews