Во Општинското Средно училиште “Св. Климент Охридски” ќе може се запишат вкупно 442 ученика, од кои 272 во гимназиските паралеки, 136 ученика во економско-правната струка и 34 ученици или една паралелки во Здравствената струка
Во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” ќе може да се запишат вкупно 432 ученика. Во Машинската струка ќе има место за вкупно 136 ученици, 194 ученици ќе може да избираат во четирите насоки од Електротехничката струка, а на струките Козметички техничар и Техничар за патен сообраќај ќе може да се запишат вкупно 102 ученика.
Општинското угостителско –туристичо училиште “Ванчо Питошески” годинава има вкупно 306 слободни метста. Од нив 272 во Угостителско туристичката насока и 34 во Прехрамбената насока
Вториот уписен рок е на 29 и 30 јуни, а третаат можност за запишување е на 19 август. Од 2008 година средното образование е задолжително и за родителите кои своите деца нема да ги запишат ќе се покрене кривична пријава. Паричните казни се најмалку 1.000 евра.