Денеска од 11 до 14 часот и утре од 12 до 14 часот на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности.
Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Eзеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“, информираат од СВР Охрид.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.
OhridNews