Православните верници во петок ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите, односно на овој ден сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит.

Се пали свеќа, се пее гробот и се раздава храна за душата на починатиот. Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња. Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.

Црквите утрово служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.

OhridNews