Календарски денеска во 18 часот и 36 минути на северната земјина полутопка почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка денеска е најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната најкраткиот ден. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта ќе биде најкратка за годинава, 8 часа и 46 минути.
Веќе од понеделник деновите ќе почнат да се скратуваат по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се скратуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември.
OhridNews