Националната шега дека Нов Зеланд има 20 пати повеќе овци отколку жители повеќе не е смешна. Бројот на овци се намалил на 8 по глава на жител. Во 1982 година имало скоро 22 овци по глава на жител, но организацијата „Месо и волна“ откирила дека денес има 34 милиони овци и 4, 2 милиони жители.


Минатата година популацијата на овци драстично падна за 4,3 милиони или 11 проценти поради суша, а фармерите се борат со ниските цени на откуп. Бројот на јагниња за колење наредната година ќе се намали за 6 милиони на 20,3 милиони.