Денес ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен дожд и грмежи. Максималната дневна температура во Охрид денес ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во попладневните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни, соопшти Управа за хидрометеоролшки работи.

OhridNews