Хашкиот суд денес ќе ја соопшти пресудата за случајот „Љуботен”. Одбраната чека ослободителни пресуди, а обвинителството бара затворски казни од 12 и 15 години.

Двајцата обвинети “во кругот на своите семејства“ ќе ја очекуваат пресудата во Хаг.

 
На објавувањето на пресудата ќе присуствуваат и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за правда Михајло Маневски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Со нив во Хаг ќе патува и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Сите тие се надеваат дека во Македонија ќе се вратат заедно со Бошковски и со Тарчуловски.

Судењето на ексминистерот за внатрешни работи Бошковски и на Тарчуловски во Хашкиот трибунал почна на 16 април 2007 година.

ohridnews