Денес, со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се организира јавна расправа за организирање на режим на сообраќај во централното градско јадро.
Идејниот проект го изработи и ќе го презентира фирмата „24 Инк“, а во себе содржи три идејни решенија за динамичкиот, статичкиот и пешачкиот сообраќај.
Проектот ги скенира сите видови на сообраќај, со коефициент за најголема оптовареност и најоптимални решенија.
OhridNews