Нови 541 случај на заболени од Ковид-19 од направени 2.789 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа во државата. Починати се 19 лица на возраст од 55 – 89 години, а оздравени 521 пациент.
Од новозаболените, 290 се во Скопје, 43 во Прилеп, 22 во Тетово, 21 во Охрид, 19 во Гостивар, по 16 во Кавадарци, Битола и Гевгелија, 15 во Велес, по 13 во Штип и Струмица, 12 во Ресен и 10 во Неготино. Во Куманово се регистрирани седум нов случаи, во Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2 и Кичево и Радовиш – по 1 нов случај.
Од починатите, според информациите на Министерството за здравство, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е починат во домашни услови. Единаесет од починатите се од Скопје, по двајца починати има од Куманово и Кавадарци и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања.
OhridNews