На прес конференција која ќе се одржи денес во Скопје ќе биде соопштена програмата за годинашниот „Вевчански карневал“.

На пресот, според најавата, ќе бидат обзананети и обелоденети сите детали и поединости, како и целокупната музичка и културно-уметничка програма, изведувачите и саатницата на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ“ кој традиционално се одржува од 12 до 14 јануари.

На пресот ќе се обратат градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, како и министерот за култура и туризам во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков.

OhridNews