Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје.
Според претходните најави од министерот Николоски ќе се врши реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.
Очекувањата се дека ќе се овозможи зголемување на нивото на услуги кои ги дава охридскиот аеродром на патниците, посебно во оние врвни периоди на сообраќајно оптеретување во текот на летните месеци.
OhridNews