Убедливиот триумф нашите репрезентативци го најавија уште во првата четвртина која ја добивме со 22:4. Втората четвртина беше најнеизвесна 22:20, во третата беше 27:14, а супериорноста ја потврдивме и во последниот период кој избраниците на Арсиќ го добија со 14:10.
Големиот триумф над Португалија барем малку ќе ги залечи раните од несреќниот пораз во Летонија, особено поради фактот што квалификациите за ЕП ги продолжуваме за два дена кога се среќаваме со Естонија:
9. СЕПТЕМВРИ
Талин: Естонија – Македонија (18.00ч.)
13. СЕПТЕМВРИ
Скопје: Македонија – Летонија (20.15ч.)
17. СЕПТЕМВРИ
Коимбра: Португалија – Македонија (21.00ч.)
20. СЕПТЕМВРИ
Скопје: Македонија – Естонија (20.15ч.)
* Македонија ќе биде домаќин во салата “Борис Трајковски”