Голем број на планинари од цела Македонија, вчера, го искачија врвот Магаро во рамки на планинарската еко-тура која втора година по ред се одржа во организација на аватуристичкиот клуб „Mountain Madness“.
Искачувањето на Магаро започна во 8 часот, а траеше околу шест часа во двата правци. На збирното место кај Корита беше организирана мини забава, за да се одбележи денот на Охридското езеро, но и да се разменат искуства и впечатоци од Магаро.
Полека ја остваруваме нашата замисла ова да биде традиција и ден кој сите ќе го чекаат да дојдат во Охрид и да се искачат на Магаро. Имаме големи планови за следните години, но да почекаме да се смири ситуацијата со ковид пандемијата и ќе ги презентираме. Им благодариме на сите, кои што дојдоа и помогнаа да ја оствариме целта за година, – рекоа Мишко Танески и Жанко Голабоски, кои се главни виновници за настанот.
Интересно, најмалиот член кој успеа да го искачи врвот Магаро беше тригодишно девојче, а најстариот 77-годишен вљубеник на планината.
Настанот е поддржан од Општина Охрид.
OhridNews
Фото: Нина Ангелоска