Двете „завојувани“ страни во Металург ќе седнат на маса и треба да донесат или договорат одлука што понатаму со македонскиот ракометен првак.


Играчите не тренираат речиси една недела во Автокоманда, а клубот се впушти по нови засилувања доведувајќи го голманот Петар Мисовски.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го притиска Металург за пријавување на екипата, која викендов што доаѓа ќе настапи против Ла Риоха во Шпанија.

За доброто на ракометот треба сите да ги спуштат копјата и да се продолжи понатаму, но за тоа да се случи мора да се размислува со ладна глава.

 

Мх.П.