Зeмјава денеска ќе се прости од академик Никола Кљусев, првиот премиер на самостојна Македонија, кој ненадејно почина на 80-годишна возраст.

Посмртните останки на Академик Никола Кљусев, денеска ќе бидат изложени во свечениот хол на Собранието на Република Македонија, каде граѓаните ќе можат да му оддадат последна почит и да се потпишат во Книгата на жалост. По повод смртта на академик Кљусев, комеморативна седница ќе одржат  Македонската академија на науките и уметностите и Собранието на Република Македонија.

Погребот на поранешниот премиер ќе се изврши на гробиштата Бутел, а на погребението во Соборниот Храм Свети Климент Охридски во Скопје, ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Владата постхумно го прогласи академик Никола Кљусев за заслужен граѓанин на Република Македонија, а денешниот ден го прогласи за ден на жалост.

ohridnews