Во Македонија денеска е ден на жалост во чест на единаесетте припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа што се случи на 12 јануари во близина на Катланово, крај Скопје.
Посмртните останки на загинатите војници денеска ќе бидат погребани во местата на нивното живење.
Во несреќата загинаа: потполковник Спасовски Тони, мајор Ристовски Горан, капетан Спасовски Бране, капетан Ѓорески Игор, заставник Василев Славчо, заставник Давитковски Тони, постар водник Шириќ Јанко, постар водник Ивановски Мики, постар водник Тасковски Александар, постар водник Васиќ Александар, и десетар Вељановски Златко.
Македонија денеска се простува од своите херои
Ваква трагична загуба на припадници на своите безбедносни сили, Македонија не памети и нема доживеано во својата понова историја, истакна вчера на комеморативната седница претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски.
Телеграми со сочуство до македонскиот државен врв испратија лидери на голем број земји од светот, НАТО алијанста, ЕУ и САД.
Денот на погребот на единаесетте македонски војници , вторник, 15 јануари, е прогласен за Ден на жалост и во Босна и Херцеговина, каде сега веќе загинатите војници учествуваа во мировната мисија на ЕУ „АЛТЕА“.
ohridnews