Во Македонија денеска е Ден на жалост по повод трагичната смрт на претседателот на Република Полска, Лех Качински.

Одлуката што синоќа на седница ја донесе Владата на Република Македонија претставува израз на сочувство кон семејствата на трагично загинатите лица и кон пријателскиот полски народ, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

На денот на жалост знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Во авионската несреќа што на 10-ти април се случи во рускиот град Смоленск, покрај претседателот на Качински животот го забубија и неговата сопруга Марија и високи полски државници.

На погребот на полскиот претседател и неговата сопруга, во недела, се очекува да присуствуваат 80 странски делегации, меѓу кои околу 40 претседатели и премиери.

OhridNews