Во Албанија е ден на жалост. Потрагата по преживеаните продолжува и по изминати повеќе од 24 часа од силниот земјотрес од 6.4 степени што вчера го погоди регионот, со епицентар во близина на Драч.
Официјалните бројки се-26 загинати, повеќе од 600 граѓани повредени. Судбината на многумина сеуште е непозната.
Во земјотресот што се случи во 03.55 часот беа разрушени објекти во Драч и Туман, а повеќето од жртвите загинаа заглавени во рушевините.
OhridNews