Македонската Влада на денешната седница донесе одлука денот на погребот на Тоше Проевски да биде прогласен за Ден на жалост. Исто така Владата одлучи постхумно да го прогласи Проески за заслужен граѓанин на Македонија.
Премиерот Никола Груевски ги задолжи Министерството за надворешни работи и државниот Протокол заедно со семејството на Проески да ги организира сите детали околу преносот на посмртните останки на македонската пеачка ѕвезда.
Премиерот Никола Груевски упати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com