Професионалната противпожарна единица од Охрид со пригодна свеченост денеска ќе го одбележи 20 мај – Денот на пожарникарите на Република Македонија. На свеченоста градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, на најдобриот пожарникар ќе му врачи пригодна награда. По повод Денот на пожарникарите, во соработка со општинската организација на Црвениот крст охридските  пожарникари ќе даруваат крв во одделението за трансфузиологија при Општата болница во Охрид.


охридските пожарникари во акција

Охридските пожарникари  во текот на годината имаат повеќе од 100 интервенции. Иако имаат полни раце работа, против огнената стихија и натаму се борат со возила кои во добар дел од државите во светот се само музејски експонати. Просечната старост на противпожарните возила во Македонија е речиси 30 години, поради што неопходни се напори за обновување на возниот парк. Со децентрализацијата противпожарната единица во Охрид  потпадна под ингеренции на локалната самоуправа која најавува модернизирање на единицата и подобри услови за работа.


стариот возен парк најголем проблем на пожарникарите

ohridnews