Охрид туристичкиот развој треба да го базира на привлекување на гостите од регионот смета градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој ја предводеше делегацијата на општина Охрид на туристичкиот саем што деновиве се одржа во Нови Сад. На саемот Охрид се претстави на сопствен штанд кој според информациите од локалната самоуправа бил меѓу најпосетените.


Во рамки на посетата делегацијата од Охрид била примена од градоначалникот на Нови Сад, Игор Павличиќ. Во разговоите станало збор за продлабочување на соработката на двата града, при што било договорено во Нови Сад да биде организиран Ден на Охрид.

Ohridnews