ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид утре ќе одржи средба со граѓаните за размена на идеи за програмата на кандидатот за градоначалник Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Утре на Градскиот плоштад во периодот од 11 часот до 13 часот на поставени штандови започнуваме со собирање идеи директно од вас, од народот кои ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и кандидатот за градоначалник, Д-р Кирил Пецаков. Сите коишто се во можност може да дадат свои идеи, предлози и сугестии и заедно да донесеме обнова за Охрид, за модерен Охрид за сите граѓани во сите населени места, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

OhridNews