Над 200.000 граѓани се очекува да земат учество во големата акција за пошумување “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“, што денеска ќе се реализира на педесетина локации во земјата.

Масовен одзив на граѓаните се очекува и во Охрид, каде според најавите на организаторите ќе бидат засадени 10.000 дрвца. На акцијата што ќе се спроведе на локалитетот Мауцкер ќе и се придружат и голем број јавни личности, претствници на локалната самоуправа, а дрвце во Охрид ќе засади и министерот за финансии, Трајко Славевски.

За сите граѓани кои што сакаат да се приклучат на акцијата  организиран е  бесплатен превоз до локациите каде што  ќе се засадуваат дрвцата.

Не е доцна приклучете се !

ohridnews