Под мотото Растеме заедно, вчера започна  промотивната мартовска кампања на петтата масовна акција Ден на дрвото. Според најавите на организаторите, традиционалната акција за пошумување, ќе  се одржи во текот на последната седмица на март, при што  се планира да се засадат 7,5 милиони садници.

Пошумувањето ќе биде на ридски и на планински места, но и на голините покрај автопатите, градските периферии и други попристапни локации. Симболичен број дрвца овој пат ќе се засадат и во пограничните региони од соседните држави.

OhridNews