Во акцијата Ден на Дрвото – засади ја својата иднина, викендов се приклучија и нашинците од Виена – Австрија.

Акцијата што ја органираше  Амбасада на РМ во Виена се одржа во дворот на Македонската православна црковна општина  “Св.Наум Охридски” во Виена  каде симболично беа засадени повеќе садници. Покрај иселениците учество во акцијата зедоа и амбасадорката на РМ во Виена Весна Борозан и конзулот во амбасадата на РМ Илјаз Фета, амбасадорот Зоран Дабиќ при мисијата на ОБСЕ во Виена, како и претставници на културната заедница на албанците од Македонија, претставници од  македонската исламската заедница во Виена и на Македонската културна заедница во Виена “Св Наум Охридски”.


И дипломатските претставници и иселениците засукаа ракави

Ohridnews