Три од четирите дуели од четвртфиналаната фаза во ЛШ се целосно отворени,практично сигурен во полуфиналето е само Ливерпул. Вечерва за пласман меѓу четирите ќе играат Манчестер-Рома и Валенсија-Челси.

Победата на Рома против Манчестер на првиот дуел за многумина беше големо изненадување, сепак Алекс фергусон оптимистички гледа на возвратниот дуел. “Убеден сум дека ќе знаеме да одиграме како што треба,верувам дека сезонава Манчестер може да стигне многу далеку“, веле сер Алекс. Она што треба да го загрижи Фергусон е традицијата која вели дека на последните пет дуели Манчестер како домаќин не успеале да ја стигнат предноста на противникот од првиот натпревар.


Алекс Фергусон

Сосема неочекувано за Англиските новинари Лучијано Спалети стратегот на Рома делуваше насмеано оставајќи впечаток на човек кој веќе ја освојувал ЛШ. Единствената дилема за Спалети е кој ќе игра на местото насуспендираниот Перота, единствениот во Рома кој сезонава ги одигра сите 810 минути во ЛШ. “Големо е искушението да се игра против Манчестер тие се голем тим,но во првиот натпревар покажавме дека можеме да се пласираме понатаму“, размислува Спалети. Една од темите беа и навивачите односно евентуалните судири меѓу симпатизерите на двата тима.


Лучијано Спалети

Што се однесува до составите Манчестер ќе биде без повредените Навил,Видиќ и Силвестр,во тимот се врати Евра,Флечер би требало да игра на местото на суспендираниот Сколс,кај Рома отсутен ќе биде само Симоне Перота.

Во Шпанија Жозе Мурињо со сините од “Стенфорд Бриџ“ќе го одигра можеби клучниот натпревар оваа сезона. По Лондонските 1-1 двата тима најавуваат победа и пласман во ½ финалето.

Мурињо који со Порто во 2004 ја освои шампионската лига веќе трета сезона со Челси се обидува да стигне до финалето, од друга страна Валенсија прв пат по 2001 кога загуби во финалето од Баерн има можност да се пласира меѓу четирите најдобри.

Добра вест за Валенсија е враќањето на Мориентес и секако резултатот од првиот меч но тренерот Кике Флорес ја спушти топката на земја. “Ги замолив моите играчи да го заборават првиот натпревар ,1-1 против Челси не е предност.Уште од стратот ќе поберам од нив да извршат притисок врз последната линија на противникот,ние мора да го диктираме темпото“, смета Флорес.


Жозе Мурињо

На Местаља се очекува пеколна атмосфера но Мурињо не е загрижен околу тоа,тој повеќе се занимава со шансите на Челси за пласман во следната фаза “0-0 за нас не значи ништо,значи мораме да постигнеме гол повеќе“, вели стратегот на Челси. По се изгледа Мурињо во тимот ќе го има и Есиен, а Валенсија веројатно ќе започне со они 11-мина који во Лондон одиграа 1:1.

Н. Цветанов