На светот има безброј убави места ама како дома никаде не е. Голем број охриѓани и други наши живеат и работат по белиот свет. Меѓу нив и нашиов Влатко кој ни пишува од Холандија. Ни испрати еден куп комплименти и ни посвети песна што му ја правиме носталгијата поднослива, и што охридската слика ја прикажуваме реално и објективно. Искрено сме му благодарни зошто Вашите мислења, ставови и критики навистина ни значат. За нешто повеќе од една година стекнавме илјадници пријатели на сите светски меридијани. Нивниот број постојано расте, а довербата која ни ја укажувате не обврзува да продолжиме да работиме одговорно и професионално.
Ден без Ohridnews: исто како зима без Ајвар!
Охрид.
Македонија
Езеро.
Плажа.
Чаршија.
Канео.
Охридски ѓеврек.
Ајвар.
И Ohridnews…..
Што ќе беше денот без Ohridnews.
Каде и да сум во светот.
Секој ден читам Ohridnews.
Охрид
Дива градба.
Уништување на простори.
Локални мафиози.
Семафори што не работат.
Добри таксисти.
Таксисти кои не сакаат да возат кратки релаци.
Ден без Ohridnews е исто како ден без чај.
Како Македонски ручек без леб.
Како продавница без мала греалица, под касата.
Каде што се топлит продавачката.
Во исплетено розево елече.
И со дебели зелени чорапи.
Ставени во влечки.
Охрид.
Кладилници на Балканска ривиера.
Борба за живот.
За кого како.
Гимназија со паркинг ко во луксузен автосалон.
Една спортска сала.
Една вредна сала.
Што ќе беше Охрид без оваа мулти-функционална сала.
Ден без Ohridnews.
Како лето без пица на парче.
Како зима без мучки на фаќање на крстот.
Како ден без ТВ Морис.
Како ден без кучиња по патот.
Како ден без тато и мама што ќе средат све со врски.
Како ден без дупки по патот.
Како ден без рибари.
Како Македонија без Тоше.
Охрид.
Луда вожња.
Хаос за паркинг.
Паркинг?
Да простор каде што можиш да ставиш возило.
Охрид.
Менхетн на Балканот.
Дали знајт некој што значеше УНЕСКО?
Ден без Ohridnews.
Како вечера без виолинче во Антико.
Како летна атмосфера без жива музика.
Како ден без едно кафенце в чаршија.
Како ден без селани на пазар.
Како ден без проблеми кај рампине.
Охрид.
Љубов и критики.
Сепак љубовта победуват.
Јас и Охрид: исто како брак.
Со прекрасни и лоши моменти.
На крај вечно се сакаме.
Ден без Ohridnews е исто како зима без Ајвар.
Влатко de Vries, Холандија