По тој повод денеска во Охрид ќе биде организиран “Алтернативен марш“ со велосипеди, ролерки, тротинети и на пешаци, на релација: гимназија ”Св.Климент Охридски” – ул. ”Димитар Влахов” – ул. ”Македонски просветители” – Пристаниште, кои времено ќе бидат затворени за сообраќај. Завршната забава ќе започне во 12:00 часот на Пристаништето, со обраќање на државен секретар за животна средина, Дејан Пановски и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Целта е да се влијае на подигање на јавната свест за штетноста од прекумерно и беспотребно користење на автомобилите како најголеми загадувачи на воздухот во урбаните средини и да се промовираат алтернативни видови на превоз.