Виенските пожарникари делумно расклопиле полициски автомобил за да спасат едно маче кое се криело во истиот. Очајното мјаукање ги разбудило соседите. Повикале полиција и пожарникари кои долго време се мачеле да го ослободат мачето.


Мачето се криело под хаубата на еден од автомобилите, но кога се обиделе да го фатат побегнало, криејќи се под други автомобили. Пратејќи го звукот утврдиле дека мачето се крие во еден од полициските автомобили. Го подигнале и утврдиле дека се крие во конструкцијата на подот од возилото. Го расклопиле и успеале да го извадат мачето неповредено.