Поради високите температури што ја зафатија земјава се зголемува и опасноста од појава на пожари на отворено.
Регионалниот центар за справување со кризи апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат на отворен простор, да не палат оган и да не фрлаат догорчиња. Оттаму предупредуваат дека против сите лица кои со своето однесување ќе предизвикаат пожар ќе биде покрената соодветна постапка пред судските органи, а од нив ќе се бара да ја надоместат и штетата што пожарот евентуално би ја направил.
Во охридско засега нема појава на поголеми пожари на отворен простор, но опасноста е исклучително висока велат надлежните. Земјата е сува и само мало невнимание може да предизвика голема катастрофа, предупредуваат тие.
Поради ова Советот на општина Охрид денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за намалувањето на последиците од високите температури и справувањето со пожари на отворен простор.