Селекторот Сречко Катанец за пријателскиот натпревар со Луксембург дефинитивно нема да може да смета на услугите на Ертан Демири поради повреда.

Првотимецот на белгискиот клуб Локерен не успеал да го издржи вчерашниот тренинг и по консултациите со клубскиот лекар писмено го извести Стручниот штаб на националниот тим дека поради повреда нема да може да биде подготвен за 20-ти Август.

Катанец нема да повикува нов играч на негово место.

ohridnews