Солидна екипа со стабилен спознор се првите импресии на искусниот играч за врска Ертан Демири кој е едно од неколкуте летни засилувања за скопски Металург, околу противникот во деби настапот во Европа. Првичните информации за Карабак , Демири ги добил од Зекирија Рамадани и Артим Шаќири кои пред неколку сезони беа дел од овај тим од централниот дел на Азербејџан.


Ги чека пеколно европско крштевање

Фудбалот во Азербејџан во последните неколку години бележи континииран прогрес истакна Демири, кој очекува ровоската битка во средината на теренот да го одлучи патникот во второто коло.

 – Од она што го добив како информација тие играат цврст фудбал не технички многу дотеран,  нашата шанса е со стрплива игра по земја да се запрат нивните напади. Најголемата работа треба да се заврши во средината на теренот, очекувам тие да нападнат и уште на првиот натпревар да да се обидат да направат добар резултат, наше е да ги запреме во тие намери и да обезедиме мирен меч во кој ќе се се обидеме да стигнеме до погодок.Најважно е на првиот меч од Азербејџан да се вратиме непоразни – вели Демири.

Првиот натпревар Металург ќе го игра како гостин, додека вториот на домашен терен, а Демири смета дека во модерниот фудбал домашниот терен немора да значи одлучувачка предност.

Можеме до второто коло

фото Емилио
М.П.